Megjunarodno morsko dno (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15 | Nivo: Pravni fakultet

Содржина
Вовед ................................................................................... 3
Дефинирање на морско дно ......................................................... 4
Конвенција за правото на морето 1982 год(XI) .......................4,5,6
Конвенцијата за правото на морето од 1993 год ........................6
Договор за имплементирање на одредбите за морско дно на Конвенцијата за правото на морето од 1993 год .....................................................6,7
Меѓународна власт на морското дно .........................................7,8
Решавање на спорови од областа на меѓународното морско дно .. 8,9
Меѓународен трибунал за право на морето .................................9, 10,11
Заклучок ........................................................................................12
Користена литература..................................................................13
Вовед
Морското дно изобилува со минерални богатства што претставува извор со огромно потенцијално значење за развиените земји.Тие располагаат или во иднина ќе располагаат со напредни технолошки средства кои ќе им овозможат голем профит од извозот на тие минерали.Но тоа посебно ќе го загрози опстанокот на некои земји во развој чија што економија значајно се базира на ваквиот извоз.Од посебно значење претставуваат Конвенцијата за правото на морето од 1982 година и од 1993 год.,
Дефинирање на морско дно
Морското дно претставува посебен дел од морето односно од меѓународната зона.Имено во оваа зона потпаѓа и подморјето над кое не може да се воспостави националната јурисдикција.Терминот меѓународна зона го опфаќа дното и подморјето надвор од границите на националната јурисдиикција.Границите на оваа зона зависат од границите на епиконтиненталниот појас ( помалку од 200 милји одалеченост од појдовните точки од кои се мери територијалното море односно се до онаа точка на морето до која се овозможува искористување на ресурсите на подморјето) на крајбрежните држави т.е меѓународната зона го опфаќа подморјето и дното што не е епиконтинентален појас од крајбрежните држави.Меѓународната зона го опфаќа дното и подземјето на длабокото море. Во 1969 год., Генералното Собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 2574 (XXIV) којашто повикуваше на мораториум на активностите на морското дно, а за една година беше усвоена Декларацијата за принципите за управување со морското дно и океанскиот под и нивната потпочва, надвор од границите на националната јурисдикција. Таа осигура дека морското дно и неговите ресурси претставуваат заедничко наследство за човештвото и кое не може да биде присвоено и дека не можат да бидат здобиени никакви права врз тоа, освен да биде воспоставен меѓународен режим за водење на негово истражување и експлоатација.
Конвенција за правото на морето 1982 год(XI)
Според Конвенцијата морското дно( а воедно и океанскиот под) и нивните ресурси претставуваат заедничко наследство на човештвото и не постои можност за признавање на никакви суверени или други права. Но сепак минералите што се земени од таа област во согласност Конвенцијата се отуѓиви.Активностите во областа ќе се спроведуваат за доброто на човештвото во целост од страна на меѓународните власти за морско дно или во име на меѓународните власти за морско дно според Конвенцијата.Власта има за задача да обезбеди подеднаква поделба на ваквите бенефиции.Имено меѓународната власт има статус на меѓународен субјект.Нејзината организациона структура е составена од Собрание,Совет и Секретеријат како главни органи на меѓународната власт.Седиштето на меѓународната власт ќе се наоѓа во Кингстон, Јамајка. Активностите ќе се спроведуваат според членот 153 од страна на претпријатието( или органот којшто ќе воспостави власт) и од земјите странки или земјите –претпријатија или лица та кои ја поседуваа националноста на земјата-странка или ефикасно контролирани од нив работејќи во согласност со власта.Подоцнежните квалификувани апликанти ќе треба да поднесат писмени планови за работење кои ќе подлежат на одобрување од страна на Советот по разгледувањето од страна на правната и техничката комисија.Овој план за работа ќе специфира две локации со еднакво оценета вредност.Притоа власта може да одобри план за работа кој е поврзан со тие две локации и да ја назначи другата како резервирана локација к

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!